НАСА предупредува за астериоид со големина на стадион кој ита кон Земјата

Астериоидот се нарекува „2020 КСУ6“ и е двојно поголем од Биг Бен во Лондон и два и половина пати од Статуата на слободата во Њујорк.

854

Американската вселенска агенција (НАСА) предупреди на група астероиди кои паѓаат кон Земјата, со големина од десет до 213 метри во дијаметар.

Во недела покрај Земјата ќе помине астероид со дијаметар од десет метри „2021 ДД1“ и „2021 ДК1“ со дијаметар од 61 метар, на безбедно растојание од 1,6 милиони, односно шест милиони километри.






Меѓутоа, тоа е само „загревање“ пред доаѓањето на астероидот, кој НАСА го нарекува „2020 КСУ6“, со големина на стадион, чиј дијаметар е 213 метри, односно е двојно поголем од Биг Бен во Лондон и два и половина пати од Статуата на слободата во Њујорк.

„2020 КСУ6“ патува со брзина од 8,4 километри во секунда или 30,240 километри на час. Бидејќи обемот на Земјата е 40.075 километри, на астероидот ќе му треба малку повеќе од еден час за да го „обиколи“ кругот околу нашата планета.

Се очекува оваа вселенска карпа да лета на околу четири милиони километри од Земјата на 22 февруари, па така човештвото засега може да здивне.

Огромниот астероид наскоро ќе го следи „2020 БВ9“ (со дијаметар од 23 метри), кој ќе помине на растојание од 5,6 милиони километри и „2021 ЦЦ5“ (40 метри), кој ќе помине на приближно 6,9 милиони километри од Земјата.

Поврзани содржини