Ибрахимовиќ трпел сочни навреди во Белград, клубот јавно му се извини (ВИДЕО)

Претседателот на Синдикатот на професионални фудбалери, Мирко Поледица, е разочаран од овие навреди.

470

Црвена ѕвезда и Милан одиграа 2:2 во вчерашниот прв меч од шеснаесетфиналето од Лига Европа. Но, иако ако немаше навивачи на трибините, сепак се слушна од ложата на тимот од Белград како некој го навредува Златан Ибрахимовиќ.

Ова предизвика бура реакции во јавноста, а извинување од клубот од Србија пристигна веднаш по завршувањето на натпреварот.






Претседателот на Синдикатот на професионални фудбалери, Мирко Поледица, е разочаран од овие навреди.

„Се чувствувам засрамено и чувствувам срам поради оваа стока која нè посрамоти и го навредуваше Ибрахимовиќ. На таквите местото не им е на стадионите и лесно можат да се идентификуваат. Златан е одлично момче и голем пријател со сите ирачи од овие простори“, порача Поледица.

Се претпоставува дека некои од најжестоките навивачи на Црвена ѕвезда успеале да се најдат на стадионот и да седнат во ложата иако мечот поради коронавирусот се одигра без присуство на публика.

Поврзани содржини