Со регистрација на својата компанија, „Лидл“ влегува на македонскиот пазар
Регистрираната подружница „Лидл Северна Македонија“ Дооел е со седиште во скопски Центар и со паричен влог од 500 000 евра.
Германскиот трговски синџир „Лидл“ ја регистрираше својата компанија во Македонија, а ќе биде управувана од бугарската филијала, пишува порталот „Фактор“.
Регистрираната подружница „Лидл Северна Македонија“ Дооел е со седиште во скопски Центар и со паричен влог од 500 000 евра.
Сопственик е германската матична компанија ВЕ-Интернационал Цвајте ГмбХ од Некарзулм, но субјектот специјализиран за трговија на мало претежно со храна, пијалаци и тутун ќе биде управуван од Софија, од бизнисмените Милена Емилова Драгијска, Бисер Борисов Инчовски и Љубомир Манолов Хрсев.
Според описот на нивните надлежности и ограничувања, пишува порталот, „Лидл“ планира да вложи над 10 милиони евра во продавница и да купи земјиште поголемо од 10.000 квадратни метри.