Кристина Агилера го прошета „новото тело“ на базен: Има 15 килограми вишок, но таа вели дека е задоволна ФОТО
На убавата пејачка со вонсериски глас Кристина Агилера од почетокот на нејзината музичка кариера се сеќавама како на русокоса слаба девојка. Од имиџот на симпатична девојка од соседството, таа стана секс-бомба за кратко време откако го сними спотот за песната „Dirty“ и со него сите ги остави без текст.
Оттогаш поминаа дваесетина години и денес 40-годишната Кристина веќе не се појавува често во јавноста, а кога ќе се појави, предизвикува голем интерес кај обожавателите и медиумите.
Но, и тоа се случува одвреме-навреме, па пејачката беше „уловена“ во текот на викендот додека уживаше во семејните моменти со свршеникот Метју Рутлер и шестгодишната ќерка Рјн.
Притоа покрај базенот таа го покажа длабокото деколте во црн костим за капење и бујните облини покрај базен, додека подоцна се пресоблече во бели панталони и маица со розов градник одоздола.
Иако повеќе не е тенка како што ја паметиме и се здебелила 15 килограми, Кристина не се оптоварува со тоа, а за тоа и јавно проговори.
– Сега имам многу поголема самодоверба и свесна сум за себе. Надминав многу работи и се чувствувам одлично – изјави неодамна пејачката.
View this post on Instagram
View this post on Instagram