Русија тврди дека Спутник V е ефикасна и против британскиот сој
Засега не се направени истражувања дали вакцините штитат и од јужноафриканскиот сој, пренесува агенцијата ДПА. Германскиот институт Роберт Кох објавил дека се уште нема докази дека вакцините се помаку ефикасни против британскиот сој, кој се шири и во Германија.
Двете вакцини одобрени во Русија даваат заштита против позаразниот сој на коронавирусот откриен во Велика Британија, објавија руските власти.
Компаративното истражување покажало дека антителата кои се создадени по вакцинирањето со Спутник V и со ЕпиВакКорона штитат и од британскиот сој, објавила агензијата за заштита на потрошувачите Rospotrebnadzor.
Засега не се направени истражувања дали вакцините штитат и од јужноафриканскиот сој, пренесува агенцијата ДПА. Германскиот институт Роберт Кох објавил дека се уште нема докази дека вакцините се помаку ефикасни против британскиот сој, кој се шири и во Германија.
Научниците веруваат дека сепак некои вакцини се помалку ефикасни против сојот од Јужноафриканската Република, пишува ДПА.
Спутник V на рискиот пазар е шест месеци и се користи во повеќе од 15 држави, а ЕпиВакКорона нема да биде во употреба до март.
Европската агенција за лекови ЕМА се уште не ја одобрила руската вакцина, ама тоа го направи унгарската државна агенција во минатиот месец, и со тоа Унгарија стана прва држава во ЕУ која ја користи Спутник V.