Биткоинот достигна вредност од 50.000 американски долари

Биткоинот доби поттик по веста дека големите компании „Тесла“, „Мастеркард“ и „БНИ Мелон“ инвестираат значителни средства во криптовалути.

457

Биткоинот денеска за првпат ја премина цената од 50.000 американски долари, продолжувајќи го својот забрзан раст. Сепак, овој премин на големата психолошка граница траеше кратко, падна под оваа граница и вредеше 49.235 долари.

Биткоинот доби поттик по веста дека големите компании „Тесла“, „Мастеркард“ и „БНИ Мелон“ инвестираат значителни средства во криптовалути.






Минатиот понеделник, компанијата на Елон Маск, „Тесла“ соопшти дека купила 1,5 милијарди долари биткоин како дел од новата стратегија за инвестиции и наскоро ќе го прифати како начин на плаќање за нејзините автомобили.

Аналитичарите предвидуваат бавен развој кон широко распространета употреба на биткоинот за плаќање стоки и услуги.

Биткоинот генерално се перципира како залиха на вредност, како злато, со многу малку простор за трошење.

Неодамнешна студија на Дојче банк покажува дека инвеститорите сметаат дека биткоинот е најекстремниот балон на финансиските пазари

Поврзани содржини