Мицкоски: Им симнувам капа на луѓето кои вработуваат и хранат 240 семејства (ВИДЕО)

Ја стегам раката пред ваков тип на луѓе, додаде Мицкоски, кои што со многу мака, со многу откажувања успеваат да го одржат сопствениот бизнис, да дадат плата на повеќе од 230, 240 вработени.

448

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска беше во еден производствен погон кој што е дел од прехранбената индустрија и има 240 вработени лица на компанијата „Специјал“.

– Она што можам да го заклучам е дека навистина кога човек има визија, кога човек има желба и кога човек се грижи за луѓето може да постигне и за самиот себе, за сопственото семејство, но исто така и за овие семејства кои што овде практично од овој производствен погон ги хранат своите семејства. Ова се современите херои и тоа сум го повторил во многу наврати во минатото. Ова се луѓето кои што треба да им се честита, да се симне капата пред нив и да им се овозможи што подобри услови за стопанисување за да може што повеќе луѓе да вработуваат, а со тоа да расте и нивниот семеен бизнис би рекол, и да може да остваруваат поголеми приходи и да вложуваат во ширење – истакна тој.






Мицкоски рече дека, за жал ситуацијата во  нашата Македонија не е таква, односно ситуацијата судејќи според економските параметри е катастрофална.

– Отсуство на визија, отсуство на стратегија, она кое што ад хок се нуди како решенија практично претставува поголем проблем отколку решение и вистинската помош за овие луѓе кои што мака мачат од први до први да обезбедат приход за вработените да го одржат во кондиција својот бизнис, навистина станува проблем и од отсуствува таа вистинска поддршка. Затоа би сакал да ги охрабрам, дека допрва доаѓаат подобрите времиња и за Македонија и за нив, и за граѓаните во Македонија. Не треба да се разочаруваме, не треба да губиме надеж напротив треба да останеме оптимисти бидејќи доаѓа крајот на оваа неспособна би рекол ненародна и влада која што нема решение за ниту еден проблем, освен со тоа што се занимава со многу корупција, со многу криминал и ја закова нашата држава убедливо на врвот по нивото на корупција и криминал во регионот и ја закопа убедливо на дното по нивото на економски раст, странски инвестиции, домашни бруто инвестиции кои што се убедливо најмали во рамките на овие 30 години независност, дури се помали од онаа би рекол кризна 2001 година – посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Ја стегам раката пред ваков тип на луѓе, додаде Мицкоски, кои што со многу мака, со многу откажувања успеваат да го одржат сопствениот бизнис, да дадат плата на повеќе од 230, 240 вработени.

– И ние како ВМРО-ДПМНЕ, како политичка партија и јас како човек ќе се залагам и во иднина нивниот бизнис да расте и да расте бројот на вработени, наши сограѓани – додаде Мицкоски.

Поврзани содржини