Усвоена програмата на манифестацијата „2021 – Година во чест на Блаже Конески“

Програмата ќе се реализира во текот на целата година, со активности на повеќе институции, министерства, органи на државната управа, здруженија во земјава и во странство.

358

Во чест на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески, 2021 година е посветена на великанот на македонската култура, со што нашата земја и официјално се приклучува кон одлуката на Генералното собрание на Обединетите нации оваа година да биде Година на мирот и довербата, информиа Министерството за култура.

Националната програма „2021 – Година во чест на Блаже Конески”  е дел и од календарот на важни меѓународни јубилеи на УНЕСКО.






Програмата ќе се реализира во текот на целата година, со активности на повеќе институции, министерства, органи на државната управа, здруженија во земјава и во странство.

Покрај многубројните културно-образовни содржини, во рамките на јубилејот е предвидено Народната банка  да издаде златна кована монета со ликот на Блаже Конески, а Поштата ќе издаде поштенска марка со ликот на великанот на македонската култура, додека настаните ќе се реализираат под унифициран плакат и лого на манифестацијата.

Носители на Програмата за реализација на манифестацијата „2021 – Година во чест на Блаже Конески“, која ќе се одвива под покровителство на претседателот Стево Пендаровски, се Министерството за култура и Министерството за образование и наука кои ги обезбедија и парите за организиацијата заедно со  Агенцијата за спорт и млади.

 

Поврзани содржини