Јувентус сака да го задржи Роналдо до 2023 година

215

Актуелниот италијански фудбалски првак Јувентус подготвил нов договор за својот напаѓач Кристијано Роналдо со важност до јуни 2023 година, објави денеска „Тутоспорт“.

Италијанскиот весник наведува дека Роналдо останува еден од најважните играчи во редовите на Јувентус и затоа клупското раководство сака да ја продолжи соработката со Португалецот.






Роналдо, кој утре ќе го прослави својот 36 роденден, има важечки договор со клубот од Торино до јуни 2022 година.

Португалскиот репрезентативец сезонава игра во добра форма и досега постигна 22 голови на 23 натпревари во дресот на Јувентус.

Поврзани содржини