Административците во „8 Септември“ со протест бараат надомест (ФОТО)

Вработените во администрацијата и техничкиот персонал во ГОБ „8 Септември“ денеска протестираат и бараат да им исплати еднократната помош од 30.000 денари.

652

Вработените во администрацијата и техничкиот персонал во ГОБ „8 Септември“ денеска протестираат и бараат да им исплати еднократната помош од 30.000 денари.

Тие настапија со транспарент „И ние сме здравство и работиме во ковид болница“.






Станува збор за 195 вработени, дел од нив работат без продолжен договор, а 150 лица немаат решение за работа веќе 6 години.

– Ние вработените во Администрацијата, исто така од почетокот на пандемијата сме изложени на ризик од заболување со ковид-19, некои од колегите дури и беа инфицирани со вирусот на своите работни места. Бараме од министерството и Владата и нас да не вклучи во помошта што ја добиваат другите здравствени работници, затоа што сметаме дека распределбата не е рамномерна. Досега имавме неколку средби поради ова барање, но нема никаков одговор од другата страна. Засега ќе простестираме за време на нашата пауза, а за понатаму не се исклучува можноста за порадикални активноти – изјави за Плусинфо вработена во ГОБ „8 Септември.

Вработените најавуваат дека и во идина планираат да протестираат за време на паузата, додека не се слушне нивниот глас и на нивните сметки да бидат исплатени еднократната помош од 30.000 денари, доколку тоа не се случи наскоро тие размилуваат и за порадикални активности.

Поврзани содржини