Ѓорчев направи споредба со статистиката на Блумберг: Заевистан има најмалку вакцини и најмногу мртви во Европа

Ѓорчев вели дека споредбата говори дека земјава има О (нула) вакцини, 3.000 мртви.

3,077

Владимир Ѓорчев пратеник и меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ на својот фејсбук профил објави анализа на „Блумберг“ за вакцинирањето против коронавирусот во светот. Ѓорчев направи споредба на бројките со она што е факт во земјава.

–  Заевистан има најмалку вакцини и најмногу мртви во Европа. О (нула) вакцини, 3.000 мртви – вели Ѓорчев во постот на Фејсбук






„Bloomberg листа на дадени вакцини:
Србија 🇷🇸 437.000 вакцини (Заев нула)
Романија 🇷🇴 672.000 вакцини (Филипче нула)
Грција 🇬🇷 269.000 вакцини (Шекеринска нула)
Словенија 🇸🇮 75.000 вакцини (Царовска нула)
Хрватска 🇭🇷 80.000 вакцини (Димитров нула)
Бугарија 🇧🇬 41.000 вакцини (Пендаровски нула)
Албанија 🇦🇱 662 вакцини (Битиќи нула).
Македонија има:
– најмалку вакцини во Европа (нула)
– најмногу мртви во Европа (3.000) по жители
– најголема корупција во Европа
Оставка‼️ Споделете.“, стои во постот на Фејсбук на Ѓорчев.

Поврзани содржини