ФБИ нуди 100.000 долари за информација за лицето кое ја подметна бомбата пред Капитол
На новиот постер се наведува дека бомбите се поставени помеѓу 19.30 и 20.30 часот на 5 јануари, ноќта пред нападот. ФБИ информира дека осомничениот носи патики Nike "Air Max Speed Turf" во жолта, црна и во сива боја. На постерот има зголемена фотографија од патиките и од експлозивната направа.
Две импровизирани бомби кои на 6 јануари се пронајдени во метални цевки пред штабовите на Демократската и Републиканската партија подметнати се ноќта пред нападот на Капитол во САД, открива денеска ФБИ, пренесува CNN.
Американските власти повторно ја зголемија наградата за информација за бомбашот, а денеска се објавени нови детали и фотографии од осомничениот.
Министерството за правда ја потенцира итноста на овој дел од истрагата, кој и натаму им задава најмногу главоболка на истражителите.
На новиот постер се наведува дека бомбите се поставени помеѓу 19.30 и 20.30 часот на 5 јануари, ноќта пред нападот. ФБИ информира дека осомничениот носи патики Nike “Air Max Speed Turf” во жолта, црна и во сива боја. На постерот има зголемена фотографија од патиките и од експлозивната направа.
Наградата за информацијата која би водела до локацијата, апсењето и осуда на лицето или лицата одговорни за подметнувањето на бомбата сега е 100.000 долари. ФБИ и АТФ еднаш веќе ја зголемија наградата на 75.000 долари, на почетокот на месецов.