Младите надежи добија незгодна група за пласман на ЕП 2023

На денешната ждрепка во Нион, нашите надежи беа рангирани во четвртиот шешир од каде и ги дочекавме ривалите за новите квалификации.

326

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година се најдоа во групата „Х“ заедно со Франција, Србија, Украина, Фарските Острови и Ерменија во новиот квалификациски циклус за пласман на Европското првенство 2023 година.

На денешната ждрепка во Нион, нашите надежи беа рангирани во четвртиот шешир од каде и ги дочекавме ривалите за новите квалификации.

 






фото: Принтскрин

Франција и Србија според рејтингот, но и според историјата се големи фаворити во групата, а и Украина има респектабилен млад тим. Македонија сепак ќе стори се за да направи уште еден голем резултат. Со селекцијата на Франција бевме во иста група во битката за пласман на за нас култното ЕП 2017, а со Србија бевме заедно во група во циклусот квалификации за ЕП 2019, кога Србија беше прва во групата и против која претрпевме два порази (2:0 и 2:1).

Со селекцијата на Фарските Острови игравме и во последните квалификации за ЕП 2021 против која остваривме две победи (7:1 и 2:1). Против Ерменците игравме во квалификациите за ЕП 2019 година и имавме една победа (3:0) и едно реми (3:3). Со Украинците бевме во група во квалификациите за ЕП 2017 година кога младата селекција го направи најголемиот успех со пласманот на завршниот турнир на ЕП.

ЕП по две години ќе се одржи во Грузија и Романија, кои се квалификуваа директно на ова натпреварување.

фото: Принтскрин
Поврзани содржини