Во Македонија корупцијата владее, законите се за тие кои не можат да платат

1,479

Македонија со историски најлош индекс на корупција.

Корупцијата можеби е најголем проблем во ова општество.






Корупцијата може да ти купи слобода ако си криминалец, само треба да имаш и да знаеш каде.

Корупцијата го уништува здравството со плачење преку ред, посебни третмани, купување здравје на товар на оние шо немаат да платат. Корупцијата и буквално убива.

Корупцијата го гризе образованието, неспособни стигнаа до доктори на науки, правници, доктори само затоа што можат да платат, утре ќе дојде нивното време и владеење и таа неспособност ќе ја плаќаме сите.

Корупцијата може да ти купи работно место, независно од квалификации, искуство, дипломи. Можеш да бидеш што сакаш ако платиш. Плаќаат и сѐ што сакаат.

Корупцијата преку ноќ им зголемува богатство преку местени тендери, на сметка на тие што работат чесно и не можат да добијат ништо.

Корупцијата може парк да пренамени во место со градежна маркица за зграда и да го купиш по евро квадрат во Скопје, во Битола, само треба на градоначалникот да ку дадеш стан или два. После нема воздух, е нема.

Корупцијата може да то дозволи да внесуваш паралелно лекови и да се богатиш на смртта на други. Без да бидеш казнет.

Корупцијата владее, законите се само за оние кои не можат да платат да сѐ над нив.

(ФБ статус на авторот, насловот е редакциски)

 

Поврзани содржини