Разговор.мк, онлајн платформа за анонимно советување со лиценцирани психолози, нуди бесплатно советување и психолошка поддршка на сите девојки кои биле злоупотребени во групата „Јавна соба“.
„Нашата мрежа од над 30 лиценцирани психолози се понуди да овозможи бесплатно советување и психолошка поддршка на сите девојки чија доверба била злоупотребена од членовите на групата Јавна соба. Сакаме ова да допре до што е можно поголем дел од жртвите за да знаат дека има безбедно место на кое може да добијат поддршка“, соопштија од платформата.