Со СМС пораки навивачите на Фенер ќе го платат Озил и ќе му помогнат на клубот!

Претседателот на Фенербахче рече дека може да достигне 300 или 500 илјади пораки, но дека се надева дека фановите ќе испратат вкупно 1.000.000 СМС пораки!

394

Новиот играч на Фенербахче, Месут Озил, сега е во центарот на вниманието затоа што и навивачите на неговиот клуб започнаа да собираат пари со цел да го олеснат финансискиот удар врз буџетот на клубот!

Невообичаени вести доаѓаат од Босфорот. Фенербахче го посакуваше Месут Озил веќе подолго време, а сега откако го добија мора да размислат за начини да соберат дополнителни пари.






Имено, доаѓањето од Арсенал не беше евтино за Фенербахче и турскиот клуб се обврза на големи финансиски трошоци на сметка на Озил.

Германецот зема годишна плата од 3.940.000 евра за три и пол години, што е вкупно околу 13.800.000 евра! Кога на тоа ќе додадете дека Озил веднаш добил 5.000.000 евра како бонус за потпишување на договорот, износот е близу 19.000.000 евра, доколку Озил остане во клубот до крајот на договорот, кој трае до летото 2024 година.

И сега навивачите на Фенербахче решија да помогнат. Испраќајќи СМС на бројот 1907 (година кога е основан клубот), секој навивач донира околу 2 евра на клубот, а од почетокот на акцијата, фанатичните навивачи на Фенер веќе испратија повеќе од 160.000 пораки!

Претседателот на Фенербахче рече дека може да достигне 300 или 500 илјади пораки, но дека се надева дека фановите ќе испратат вкупно 1.000.000 СМС пораки!

Собирање средства преку смс пораки станува сè попопуларно во турскиот фудбал. Иста акција вовел и Галатасарај чиј претседател рекол дека е трогнат од илјадниците апели на навивачите како можат да го помогнат клубот. На крај им рекле да праќаат пораки со цел клубот да собере пари да ги реструктурира долговите.

Фенербахче минатата сезона заврши 7-ми во лигата па поради тоа решиле пред стартот на оваа сезона да се засилат. Дошле Диего Пероти, Џанер Еркин, Мбвана Самата, Хозе Соса, Папис Сисе, речиси сите како слободни агенти.

На тој начин, навивачите би можеле да му го олеснат Фенербахче, тим кој има големи финансиски проблеми и долг од повеќе од 500.000.000 евра, пишува „Дејли меил“.

Поврзани содржини