Почина Бранка Станковска

Нејзиниот глас го најави првиот телевизиски пренос од Црн Врв на 5 јуни 1964 година  кога почна да се емитува и програмата на  ТВ Скопје.

1,601

Бранка Станковска, познатата  радио и тв спикерка и водителка, почина денеска во Скопје. Информацијата ја сподели на фејсбук нејзината внук Ирина Костовска. Станковска имаше 90 години.

Целиот нејзин  работен век Станковска го помина во МРТ. Нејзиниот глас го најави првиот телевизиски пренос од Црн Врв на 5 јуни 1964 година  кога почна да се емитува и програмата на  ТВ Скопје.






Станковска ги читаше и вестите на првиот телевизиски Весник, што го означи почетокот на емитувањето на редовната програма на Македонската телевизија.

Беше голем професионалец, а со нејзина помош се обучуваа голем број генерации спикери  во земјава.

Поврзани содржини