Најскапата куќа што е продадена во последниот квартал од минатата година во Србија е викенд куќа во Сопот. Сместена е во селото Рогача на планината Космај и за куќата се платени три милиони евра, пишуваат српските медиуми.
Во извештајот на Републичката геодетска управа за трансакции со недвижнини за последниот квартал на 2020 година се наведува дека овој комплекс се состои од две колиби, три помошни згради, базен и четири парцели, а трансакијата е реализирана на 28 декември минатата година. Медиумите пишуваат дека ова е вила на Елена Кариќ, а ја купила Јелена Ѓоковиќ, сопругата на Новак.
Во извештајот на Републичката геодетска управа за последниот квартал на 2020 година се вели дека дури 13 од најскапите станови биле продадени во Белград на вода. Најскапиот квадратен метар е платен 8.754 евра, а најмногу пари се дадени за истиот стан – 1.426.888 евра.
View this post on Instagram