Претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган ја прими кинеската вакцина KoronaВак против ковид-19 со цел да им даде пример на граѓаните, јави Анадолија.
Турското претседателство објави фотографија на која Ердоган со маска на лицето ја прима првата доза на вакцината во болница во Анкара.
– Се надевам дека кампањата за вакцинација ќе биде корисна и дека брзо ќе ги добиеме потребните 50 милиони дози вакцини – рече Ердоган.
Тој ги повика лидерите на различни политички партии да ја примат вакцината и да им дадат пример на граѓаните.
Турција почна со вакцинација против ковид-19 со кинеската вакцина KoronaВак на компанијата „Синовак“, и покрај контроверзните податоци за нејзината ефикасност. Првите дози на вакцини се наменети за медицински работници.
Турција, каде има 83 милиони жители, регистрираше 2,3 милиони луѓе заразени со вирусот, од кои повеќе од 23.000 починаа.