Продажните цени на индустриските производи повисоки за 0,4 отсто во ноември лани

Најголем раст има кај цените на производите во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ за 4,4 отсто,

178

Продажните цени на производителите на индустриски производи во ноември лани  вкупно се повисоки за 0,3 отсто на месечно ниво, а за 0,4 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.

Споредено со октомври 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот „рударство и вадење на камен“ за 1,5 отсто, во „преработувачка индустрија“ за 0,3 отсто, а во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ се пониски за 1,1 отсто.






Во однос , пак, на ноември 2019, продажните цени на производителите на индустриски производи, во ноиември лани вкупно, се повисоки за 3,1 отсто во секторот „рударство и вадење на камен“, а во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ за 4,4 отсто, додека во „преработувачка индустрија“ се непроменети.

Поврзани содржини