Обединета Америка – Мотото на Бајден со кое ќе стапи на функцијата

Темата „го одразува почетокот на новото национално патување што ја враќа душата на Америка, ја обединува земјата и го трасира патот кон посветла иднина“, се вели во соопштението на Комитетот.

212

Инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Џо Бајден ќе биде насловена „Обединета Америка“, рече Тони Ален, шеф на Комитетот за стапување на дожност на новоизбраниот претседател.

Темата „го одразува почетокот на новото национално патување што ја враќа душата на Америка, ја обединува земјата и го трасира патот кон посветла иднина“, се вели во соопштението на Комитетот.






Откако ќе положи заклетва Бајден, новоизбраната потпретседателка Камала Харис и нејзиниот сопруг ќе положат венец на националните гробишта во Арлингтон, каде ќе им се придружат поранешните претседатели Барак Обама, Џорџ В. Буш и Бил Клинтон.

Доналд Трамп нема да присуствува на инаугурацијата на Бајден,  но ќе присуствува потпретседателот Мајк Пенс и неговата сопруга.

На церемонијата во Вашингтон ќе бидат подигнати 191.500 американски знамиња и ќе бидат вклучени 56 столбови со светлина – по еден за секоја американска држава и територија. Полето на знамиња ќе ги симболизира „Американците кои не можат да патуваат“ до Капитол за да присуствуваат на заклетвата на Бајден поради ограничувањата за ковид-19.

Поврзани содржини