Македонија ќе ѝ испрати помош од 100.000 евра на Хрватска

„Солидарноста е првиот порив во овие моменти и ќе пружиме помош согласно потребите“, напиша Заев.

299

Владата на денешната седница донесе одлука за финансиска помош од 6 милиони денари за Хрватска, по силниот земјотрес во Петриња, објави на социјалните мрежи, премиерот Зоран Заев.

„Солидарноста е првиот порив во овие моменти и ќе пружиме помош согласно потребите“, напиша Заев.






Тој упати силна поддршка до хрватскиот колега Андреј Пленковиќ и до сите хрватски граѓани погодени од земјотресот.

„Во име на сите граѓани на Северна Македонија изразувам и сочувство за жртвите“, напиша тој.

Поврзани содржини