Оштетена зградата на владата, евакуирани сите заедно со Пленковиќ

623

Во силниот земјотрес кој денес се случи три километри од Петриња оштетена е и зградата на владата во Загреб од каде сите присутни заедно со премиерот Андреа Пленковиќ итно се евакуирани.

Потресот силно се почувствува, а од зградата паднал малтерот.






Паднале и сликите од ѕидовите кои неодамна биле реставрирани во салата Бан Јелачиќ и сите итно се евакуирани од зградата. Вечерни лист пренесува дека нивната новинарка правела интервју со премиерот Пленковиќ кој веднаш по потресот тргнал за Петриња.

– Половина град е урнат – изјавил градоначалникот на Петриње Даринко Думбовиќ по силниот земјотрес со јачина од 6,2 степени по Рихтер, кој го погоди Петриња околу 12.20 часот и побарал итно да се прати помош во градот.

Поврзани содржини