И легендарниот Битлс го поддржа вакцинирањето: Тоа е одлична вест, ќе се вакцинирам кога ќе дојдам на ред
Легендраниот Битлс Пол Макартни ја поддржа британската кампања за вакцинирање против коронавирусот ветувајќи дека ќе биде еден од првите од глобалните супер ѕвезди која ќе се вакцинира, пренесува британски Сан.
Макартни припаѓа на третиот ред британски државјани според приоритетот за вакцинирање, бидејќи е во групата на постари од 75 години.
Тој смета дека вакцината и нуди на Британија излез од темниот период на пандемијата на ковид-19, пренесува Сан.
– Вакцината ќе не извлече од ова – вели Макартни во интервјуто.
– Мислам дека ќе се извлечеме, знам дека ќе биде и вакцината е одлична вест. Ќе ја примам кога ќе дојдам на ред.
Макартни вели дека едвај чека да се врати на сцената откако годинава е откажан фестивалот Glastonbury.