Рекорден број починати од коронавирусот во еден ден во Германија
Од почетокот на пандемијата во Германија починаа вкупно 23.427 лица.
Во Германија во изминатите 24 часа од коронавирус починаа 952 лица, што е најголем број смртни случаи во еден ден од почетокот на пандемијата, покажуваат последните податоци на институтот „Роберт Кох“.
Од почетокот на пандемијата во Германија починаа вкупно 23.427 лица.
Бројот на потврдени случаи на коронавирус во земјата се зголеми за 27.728 – на 1.379.238.