Македонската фудбалска легенда Горан Пандев е фатен на скриена камера на италијанската телевизија Медиасет. Во „местенка“ во која учествувал и капитенот на Џенова, Доменико Кришито како и агентот на нашиот репрезентативец, Леонардо Корси, кулминацијата била кога Корси му се јавил на Пандев и му кажал дека управата на клубот решила да го продаде во клуб во Индија.
Пандев на почетокот бил сигурен дека се шегуваат со него.
– Ајде Корси доста.Да не си полудел? Да не си пијан? Што зборуваш“ – му одговара Пандев на Корси.
Но, откако ја слушнал сумата која би требало да ја заработи, 72 милиони евра за три сезони со бонус од 10 милиони евра ако се оствари одреден посакуван резултат, Пандев почнал да се сомнева. Тогаш Пандев почнува и да коментира со присутните соиграчи.
– Ма како Ченаијин, каква Индија. Попрво ќе си пукам во уста – реагира Пандев до своите соиграчи.
Да биде поинтересна, во целата приказна се вклучуваат и навивачите кои за брзо се појавуваат со транспаренти пред куќата на Пандев и скандираат: „Пандев предавник!“. Македонскиот репрезентативец им објаснува за што станува збор, па по извесено време се појавува и водителот на шоуто „Скриена камера“ објаснувајќи дека се работи за шега.
Целото видео може да го погледнете тука