Маричиќ: Пописот не треба повторно да се политизира

226

Потребно e да се престане со политизација на пописот планиран за следната 2021 година, вели министерот за правда Бојан Маричиќ. Тој во гостување во емисијата 360 степени, на телевизија Алсат вели дека искуството од пропаднатиот попис е доволна поука дека на него треба да се гледа како на статистичка операција суштински потребна за државата, а не како на политичко прашање.

– ВМРО ДПМНЕ како опозиција се обидува од самиот почеток да го политизира, а токму затоа не успеа пописот од 2011 година. Која е целта на евентуален бојкот на кој би повикала опозицијата? Да има помалку Македонци на пописот? – потенцираше Маричиќ.






Според министерот, нема силни аргументи зошто повторно би се одложил пописот и додаде дека и покрај пандемијата државата докажала дека има капацитет да организира сложени операции со масовно учество на граѓаните.

– Покажавме дека можеме да ги спроведеме парламентарните избори, Владата покажаа дека може да организира вакви масовни операции. Важно ќе биде попишувачите да бидат здрави, да бидат заштитени, а до тогаш ќе видиме до каде ќе биде и вакцината – изјави Маричиќ.

 

Поврзани содржини