Рита Ора се извини за журката и плати казна од 10.000 долари
Британците кои го почитуваат карантинот ја нарекоа Рита себична ковид-лажга. Меѓу повиканите на журката биле и многу пријатели на Рита од шоубизнисот, како моделите Кер и Попи Делевин.
Пејачката Рита Ора се извинила за организирањето на журката по повод прославата на 30-от роденден, прекршувајќи ги мерките против коронавирусот воведени во Велика Британија.
Британците кои го почитуваат карантинот ја нарекоа Рита себична ковид-лажга. Меѓу повиканите на журката биле и многу пријатели на Рита од шоубизнисот, како моделите Кер и Попи Делевин.
Сестрата на Рита Елена, Вас Морган и многу други се видени како се провлекуваат од задниот влез на излезот носејќи шишиња со алкохол.
Полицијата дошла до ресторанот и снимени се како ѕиркаат преку прозорец обидувајќи се да влезат во ресторанот кој бил заклучен.
Рита им се извинила на својте следбеници на друштвените мрежи наведувајќи дека платила казна од 10.000 долари.
– Мојата одлука да направам журка беше емоционална. Се извинувам дека ги прекршив мерките и ги доведов луѓето во опасност. Сега сфаќам дека погрешив и ја преземам одговорноста во целост – вели Ора на социјалните мрежи.