Наполи вечерва игра во чест на Марадона (ВИДЕО)
Пред почетокот на мечот, капитенот на Наполи, Лоренцо Инсиње, положи голем букет свежо цвеќе пред големиот постер со ликот на Марадона поставен пред секторите А и Б на трибините на стадионот во Неапол.
Вечерашниот меч меѓу Наполи и Рома во Неапол е посветен на Диего Марадона.
Светската фудбалска легенда која го напушти овој свет во средата, остави неизбришлива трага во клупската историја на наполитанците, кои денеска истрчаа на „Сан Паоло“ во специјално дизајнирани дресови на производителот „Капа“ кои потсетуваат на аргентинскиот дрес од 1986 година со кој Диего Марадона ја освои светската фудбалска круна на Мундијалот во Мексико.
Пред почетокот на мечот, капитенот на Наполи, Лоренцо Инсиње, положи голем букет свежо цвеќе пред големиот постер со ликот на Марадона поставен пред секторите А и Б на трибините на стадионот во Неапол.
Il Capitano omaggia Diego Armando Maradona sotto le Curve A e B
Diego 💙 pic.twitter.com/gg25C4Y9Cm
— Official SSC Napoli (@sscnapoli) November 29, 2020
⚽️ 🏟 🕘 | MATCHDAY#NapoliRoma | Stadio San Paolo | 20:45 CET | #SerieATim
💙 #ForzaNapoliSempre pic.twitter.com/8AJO4kifgG
— Official SSC Napoli (@sscnapoli) November 29, 2020