Филипче: Пикот го достигнавме минатата недела, бројот на новозаболени стагнира, но во пораст се смртните случаи
Филипче вели дека е мобилизиран целокупниот кадар, сите тимови и дека се ангажирани и дел од приватните специјализанти. Според него ситемот Мој термин насекаде работи нормално освен негде каде е редуциран.
Министерот за здравство Венко Филипче на денесшната прес конференција информира дека глобално, но и кај нас веќе се успорува бројката на новозаболени, но дека е во пораст бројот на смртните случаи од ковид-19. Тој уверува дека има доволно слободни болнички кревети. Епидемијата го достигнала пикот пред една недела и бројките се стабилизираат преносливоста на вирусот е 1.
– До 22 ноември глобално се регистрирани 57, 8 милиони случаи и 1.3 милони смртни случаи од почетокот на Пандемијата. Според извештајот на СЗО, бројот на нови случаи се успорува но останува на околу 4 милиони случаи неделно, но смртноста продолжува да расте со над 67.000 нови смртни случаи. Европа бележи тренд на намалување на нови случаи но е со најголем број на смртни случаи изминатата недела. Бројот на смртни случаи расте на глобално ниво со речиси 60.000 нови смртни случаи – рече Филипче.
Тој додаде дека и во регионот, бројот на нови случаи останува на високо ниво, како и бројот на смртни случаи. Во Србија се бележат рекордни бројки, вчера нови 7.606, во Хрватска 4.009 новозаболени а починале 51 пациент, во Словенија 1.767 нови случаи починале 46, хоспитализиран 1.300 пациенти. Бугарскиот здравствен систем е практично совладан поради недостиг на здравствен персонал кој е инфициран. Таму има повеќе од 6.000 луѓе во болниците.
– Кај нас од почетокот на ноември процентот на позитивни од тестирани се движи помеѓу 36 и 41 процент. Највисок процент е 41,2 регистриран на 17 ноември и по ова бројот на позитивни случаи благо опаѓа. Три недели евидентираме околу 7.000 нови случаи, односно тој се успорува. Факторот на преносливост е намален и изнесува единица. Смртноста е зголемена. Расте бројот на оздравени, минатата недела процентот е зголемен на 45 проценти. Процентот на хоспитализирани е 1.280 – рече Филипче.
Тој информира дека болнички капацитети во внатрешноста има близу 1.000 легла. Во Скопје на Интерните клиники обезбедени се близу 200 кревети. Последна е клиниката за ОРЛ, таму нема сместени пациенти. На Инфективната клиника има близу 160 пациенти, во „8 Септември“ 110, во Козле 40 и 100 кревети во приватните болници кои ќе примаат пациенти од идната недела.
Филипче вели дека е мобилизиран целокупниот кадар, сите тимови и дека се ангажирани и дел од приватните специјализанти. Според него ситемот Мој термин насекаде работи нормално освен негде каде е редуциран.
– Матичните лекари се првата инстанца за третман на пациентите, тие прави проценка на здравствената состојба на пациентот. До моментов нема терапија за ковид-19 никаде во светот. Во изминатиов месец целиот систем е мобилизиран за да се менаџира хоспитализацијата. Кординации има секојдневно со директирите на клиниките се случува некој пациент да дојде ненајавен, па се создава нервоза, притисокот е голем, но има слободни кревети во сите болници. Епидемијата го достигна пикот пред една недела и бројките се стабилизираат преносливоста е на 1 и се надевам на овој тренд на доплнително ангажирање на болнички капацитети. Вирусот ќе опстане, тој е ризик мерките мора да се почитуваат – рече Филипче.
Тој истакна дека позитивни се вестите кои доаѓаат во однос на вакцините.
– Веќе има вакцини кои се во завршните фази. Очекуваме ковакс системот да профункционира кога ќе почне да ги даваат. Во координација сме во однос на системот на чување и дистрибуирање. Тоа е одлична вест која следната година веројатно ќе ја смени целокупната слика за пандемијата во светот и во таа насока ќе може да очекуваме и стабилизација, додаде Филипче.