Мицкоски: Разочаран сум и лут поради неспособноста на здравствените власти
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека ѝ предложл на власта да се формира посебна Ковид комисија но бил одбиен.
Нас ни треба стручна комисија за време на оваа корона криза. А што направи владата, политиките на владата не донесоа во ситуација или бездна или втора бездна. И додека се случува ова има кризна состојба, а паралелно и избори за во две општини, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето во централниот дневник на телевизија Сител.
Тој додаде дека менаџирањето со здравството е катастрофално.
– Луѓето чекаат за медицинска нега по ходиници или наидуваат на празни ходници веројатно зошто луѓето се на интервенции кај пациентите. Менаџмент со здравствените институции нема, нема кревети, нема медицински лица доволно – рече Мицкоски.
Тој потсети дека неговите родители биле болни од ковид-19 и бил сведок на лошото менаџирање.
– Многу сум разочаран, а воедно и лут за сето ова кое што се случува денеска во нашава држава. Зошто? За тоа што најпрвин јас тоа го почуствував на моето семејство и знам точно како и со што се справуваа моите родители, мојата мајка, мојот татко. Но фала му на бога и двајцата ја преживеаја оваа би рекол тешка пандемична ситуација која што се случува во Македонија – рече Мицкоски.
Тој рече дека е сведок на многу јавувања на сограѓани коишто го преживуваат сето тоа.
– Ние како опозиција понудивме многу работи, а односот од страна на владата беше игнорантски и онака буквално брутално бевме одбиени. Еве последно што понудивме беше да се формира Ковид комисија која ќе биде најповикана да предложи мерки и стратегија како да се справиме со пандемијата. Но бевме одбиени – додаде Мицкоски.