На пратениците уво не им чуе за мерките: Протоколите за дистанца не важат во Комисијата за здравство ФОТО
Во сала 6 во Собранието се одржува седница на Комисија за здравство, но според фотографијата може да се види дека самите пратениците не ги почитуваат пропишаните здравствени мерки и протоколите на дистанца – во една мала просторија се повеќе од дваесет пратеници.
Апсурдноста оди дотаму што мерките не ги почитуваат токму оние кои се собрале во претесна за нив просторија, иако Собранието не кубури со простор, да расправаат за бората против коронавирусот и да оценуваат што треба да се направи во оваа тешка криза предизвикана од пандемијата.
Необјасниво е ваквото прекршување на здравствените протоколи, токму во законодавниот дом и во ситуација кога во земјава секојдневно имаме над 1.000 новозаразени од коронавирусот и голем број смртни случаи.