Од родното место на Меланија Трамп во Словенија порачуваат: Се надеваме дека славата ќе потрае ФОТО

1,215

Жителите на градот Севница во Словенија, од каде што потекнува Меланија Трамп, се надеваат дека славата на местото ќе потрае и откако славната поранешна жителка повеќе нема да биде прва дама на САД.

Тортата „Меланија“ го зазема главното место во слаткарницата „Јулија“, која се наоѓа во рамките на единствениот хотел во Севница, пишува Би-би-си. Украсена со бели и златни чоколадни шари кои го покриваат мусот од бело чоколадо, елегантната торта е специјално дизајнирана за да ја претставува Меланија Трамп.






Златните шари се поради брачната двојка Трамп, а белите поради Белата куќа, вели Нуша Видмар, сопственичката на слаткарницата. Тортата содржи и јаткасти плодови кои станаа сезонска состојка откако Меланија Трамп стана прва дама во јануари 2017 година.

Во последните неколку години, жителите на Севница стекнаа мала меѓународна слава за промовирање на нивното гратче и неговите производи. Сепак, сега кога Трамп се наоѓа во последните недели од неговиот претседателски мандат, се чини дека и овој период на Севница е при крај.

Постои уште една статуа на Меланија Трамп на брегот на реката Сава. Првата дрвена статуа која воопшто не личеше на славната поранешна жителка на градот, беше изгорена минатото лето од непознат сторител.

Сопственичката на „Јулија“ тврди дека многу луѓе ширум светот ја посетиле слаткарницата и дека сите ја пробале тортата „Меланија“, како и дека не верува дека тие дошле само поради тортата.

– Ова беше голема работа и за нас, и за Словенија, историски момент што веројатно никогаш повеќе нема да го доживееме – вели таа.

Сепак, тоа не значи крај на сите придобивки за Севница поради поврзаноста со Меланија Трамп. Локалните власти и деловните активности ги здружија силите во производството на луксузна, локално произведена стока.

Градоначалникот Сречко Оцвирк вели дека овој обединет пристап укажува на тоа дека локалното население е уверено во претставувањето на Севница на светот. И покрај фактот дека Меланија наскоро повеќе нема да биде прва дама, Севница одлучила да не се откажува од производство на производи поврзани со славната поранешна жителка.

Torta Melanija

FOTO: BBC

 

Поврзани содржини