ВМРО-ДПМНЕ: Ветувањето на измамникот Заев за ЕУ е готово, овој човек носи само криминал и стагнација

Заев не затвори ниту едно прашање во корист на државата, туку единствено ги измами граѓаните. Оставка на Заев и влада за национален спас. Заев е минато, наведено е во соопштението на опозицијата.

462

Ветувањето на измамникот Заев за ЕУ е готово, овој човек носи само криминал и стагнација, обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Може сега Заев да смислува изговори за неговиот неуспех и неспособност до бескрај, но неговата неспособност и лажни ветувања ги плаќаат граѓаните. Заев ветуваше дека ќе почнеме датум за преговори уште пред 4 години, дури и излажа дека сме добиле датум за преговори. Заев ветуваше дека ќе имаме бесплатно здравство како во Европската Унија. Дека откако ќе го смениме името веднаш ќе влеземе во Унијата. Заев ветуваше и дека ќе градиме патишта бидејќи ќе влеземе во ЕУ, дека невработеноста ќе се намали а платите ќе се зголемат. Четири години потроши од нашите животи, а видовме само криминал, корупција и многу лаги. Неговата политика не носи резултати. Тоа е очигледно. Нема ниту еден проект кој граѓаните ќе го паметат а Заев го изгради. Но затоа ќе го паметат по аферите и лагите. Излажа дека договорот со Бугарија е голем исчекор. Се покажа дека е камен на сопнување. Заев не затвори ниту едно прашање во корист на државата, туку единствено ги измами граѓаните. Оставка на Заев и влада за национален спас. Заев е минато“, наведено е во соопштението.

Поврзани содржини