ВМРО-ДПМНЕ: Кој е интересот на Филипче за приватните болници да се богатат на грбот на пациентите

306

Црните рекорди на Филипче продолжуваат. Секој ден четирицифрена бројка на новозаразени со корона според статистиката на министерството за здравство. Вкупната бројка на заразени се движи кон 45 илјади, а неспособниот Филипче предвидуваше дека ќе биде две илјади, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

– Во последното деноноќие уште 25 семејства завиени во црно, а од почетокот на пандемијата 1263 починати лица. Неспособниот Филипче ги фрла граѓаните во секојдневна голгота. Нема соодветна терапија за сите, истата се добива во приватните болници, пациентите умираат на пат до болница, по ходници на клиниките. Прашуваме кој е интересот на Филипче што овозможи приватните болници да се богатат на грбот на пациентите додека државното здравство колабира. Медицинските лица се целосно незаштитени. Филипче девет месеци од короната кризата ги остава без соодветна лична заштита, па така од почетокот на пандемијата 1527 медицински лица, а починаа 13 – велат од ВМРО-ДПМНе и бараат одговорност и оставка од Филипче.

 

 

Поврзани содржини