Познати противниците на македонските боксери во Будва
Европското првенство почнува утре, во Будва, Црна Гора.
Тројцата македонски боксери кои ќе настапат на Европското првенство за младинци во Будва ги дознаа првите противници.
Илхан Озмен ќе го прескокне првото коло согласно епилогот од ждрепката, а во второто коло во категоријата 64 кг, ќе ги вкрсти ракавиците со подобриот од мечот меѓу Романецот Висентиу и Ерменецот Галустјан.
Ајхан Озмен во категоријата 75кг, за противник го доби Сантијаго Селимај од Албанија, оваа борба е на програмата во недела.
Ардијан Аземи во категоријата 91 кг, за противник во првото коло го има Јакуб Стражевски од Полска, оваа борба е на програмата утре.
Европското првенство почнува утре, 14 ноември 2020.