Ова е убавата Мирјана на која Киќо Слабинац ѝ ја напишал песната „Поради една прекрасна црна жена“ ФОТО

3,706

Легендарниот хрватски пејач Крунослав Киќо Слабинац почина утрово на 76-годишна возраст во болница во Загреб. Неодамна требаше да биде тргнат од респираторот, но состојбата се искомплицирала – добил инфекција и пневмонија, пишува „Мондо.рс“.

Хрватските медиуми се присетуваат на интервјуто кое Киќо Слабинац го дал пред неколку години, во кое тој открил на кого го посветил својот прв хит, а потоа и песната по која сите го знаат – „Поради една прекрасна црна жена“. Генерациите најмногу ќе го паметат по неговиот безвременски хит.






– Во Њујорк, запознав прекрасна жена, по потекло од нашите простори. Таа седеше во „кадилак“, со шал околу вратот. Тоа беше љубов на прв поглед. Имав големи планови со неа. На концертите ја ставав во првиот ред, застанував пред неа и ѝ пеев само нејзе. Бев толку фасциниран. Верував дека ќе трае вечно. Се покажа дека таа не сакаше да дојде тука, а јас не можам да останам таму. Таа најде друг и ме остави – рекол своевремено Слабинац.

Во прашање е Мирјана Антонoвиќ!

Мирјана, жената на која Киќо ѝ го напиша хитот, се огласи на Фејсбук и изрази сочувство до семејството на пејачот. Мирјана напиша дека се слушнале пред Киќо да замине во болница.

„Драги мои пријатели, ми јавија дека нашиот Киќо Слабинац починал. Денес изгубивме голема легенда, пријател, сакана личност и голем човек. Неколку дена пред да замине во болница, Киќо ме замоли да му ветам ќе бидеме заедно на небото. Тој ми вети дека ќе ми се јави штом ги отвори очите. За жал, тоа не се случи, што беше многу загрижувачко. Многу ќе ни недостасува на сите, а особено мене. Сочувство на неговото семејство“, напишала Мирјана.

Таа се најде во фокусот на интересот на медиумите поради скандалот со српскиот пејач Мирослав Илиќ, бидејќи тврди дека фолкерот е татко на нејзиниот син, додека пејачот со години избегнува ДНК-тестирање, а во неколку наврати биле на суд.

Мирјана Антонoвиќ живееше во Америка, па Киќо ја запознал на турнеја и веднаш се вљубил во неа.

 

 

FOTO: Fejsbuk

Поврзани содржини