Урнебесна пародија прикажува како Трамп го вадат од Белата куќа (ВИДЕО)
„Не сакам да одам, не сакам да одам!” – Трамп извикува додека скока на топката како дете, а потоа човекот од обезбедувањето го влече по подот.
И покрај тоа што Џо Бајден е прогласен за нов претседател на САД, штабот на Доналд Трамп објави дека изборите сè уште не се завршени. Самиот Трамп дури најави дека ќе одржува митинзи и дека ќе објавува некролози за да докаже дека мртви луѓе гласале за Бајден.
На социјалните мрежи сега повторно кружи клипчето на „Comedy Central“, во кое „Трамп“ е бесен затоа што не сака да ја напушти градинката, односно Белата куќа, а многумина заклучија дека видеото е поактуелно сега отколку во 2017 година, кога е направено.
„Не сакам да одам, не сакам да одам!” – Трамп извикува додека скока на топката како дете, а потоа човекот од обезбедувањето го влече по подот.
This how Donald Trump is gonna look being DRAGGED out of the White House “crying and screaming” MAKE SURE YALL HAVE CAMERAS 🙈#TrumpTantrum pic.twitter.com/BMlgf9ntA8
— Mariam⁷ (@kthmoonn) November 7, 2020