Лекот што го промовираше Трамп не лекува корона
Доброволците се тестирале секој ден. Во групата која примала дневна доза хидроксиклорокин се заразиле 46 луѓе, а во втората 43.
Големо клиничко испитување кое го координирало Универзитетот Вашингтон покажало дека пациентите кои земале хидроксиклорокин веројатноста да заболат од ковид-19 е еднаква како и кај тие кои не земаат ништо, што е уште еден во морето докази дека лекот кој често го промовираше американскиот претседател Донал Трамп нема никакво влијание на коронавирусот.
Речиси 800 доброволци учествувале во испитувањето кое со 9,5 милиони долари го финансирале Бил и Мелинда Гејтс.
Сите учесници во истражувањето имале член од семејството или близок контакт кој бил позитивен на коронавирусот. По случаен избор е одредено кој од нив 14 дена ќе добива хидроксиклорокин, а кој плацебо.
Доброволците се тестирале секој ден. Во групата која примала дневна доза хидроксиклорокин се заразиле 46 луѓе, а во втората 43.
Разликата е статистички небитна, што значи дека лекот немал ефект, вели одговорната за истражувањето Руан Барнабас.
Со истражувањето не се најдени ни докази според кои хидроксиклорокин ги ублажува симптомите на болеста по инфицирањето.
– Мислам дека резултатите се во склад со претходните истражувања кои покажаа дека нема докази според кои хидроксиклорокинот има клинички важен ефект на превенција или лечење на ковид – вели Барнабас.