Софиски „Медиапул“: Наместо македонски јазик, Бугарија бара да стои „официјалниот јазик на земјата кандидат“

1,138

Софиски „Медиапул“, повикувајќи се на дипломатски извори пишува дека, три клучни барања испорачала вчера Бугарија на состанокот на амбасадорите на ЕУ во Брисел кога се договарала преговарачката рамка. Добрососедските односи треба да бидат критериум за членство на С. Македонија во Европската унија, да се користи официјалното уставно име на Република Северна Македонија наместо краткото С. Македонија и бидејќи не го признава македонскиот јазик Софија е против тој да биде регистриран како официјален јазик во Европската унија (јазичната формулација да биде „официјален јазик“ на земјата кандидат, а не „македонски јазик“).

Бугарските размислувања биле презентирани од амбасадорот во ЕУ, Димитар Цанчев и тие биле речиси исти со она што им го соопштил на колегите амбасадори на крајот на октомври, но тие наводно не биле земени предвид.

Бугарскиот дигитален весник „Медиапул“ пренесува делови од она што им го кажал Цанчев на колегите на состанокот на КОРЕПЕР 2, добиени од дипломатски извори, но тие не биле земени во предвид.

„Таквиот пристап на Европската комисија и нереално позитивните оценки кои нејзините експерти ги даваат за добрососедските односи само ја потврдуваат оправданоста на нашето барање да има одделно преговарачко поглавје за да може државите членки да имаат свој глас во изготвувањето на тие оценки, со оглед на необјективноста на Комисијата“, стои во излагањето на Цанчев.

Цанчев забележал дека Скопје ефективно ги блокирало преговорите со неговата земја и поради тоа на сите им било јасно оти Бугарија ќе го запре нејзиниот сосед на патот кон ЕУ.

„Имаме голем проблем. Тој е многу сериозен. Ова не е некоја банална полемика околу историјата што може да им се остави на историчарите“’, вели Цанчев и „потсетил“ дека Скопје ја фалсификувало историјата на штета на соседните земји кои спаѓаат во географската област Македонија за да го аргументира новосоздадениот идентитет и претензии кон соседните земји.

Според Софија, прогласувањето на еден од локалните бугарски јазици како „македонски“ е суштинска алатка во оваа политика.

Поврзани содржини