Позитивен на ковид-19 и Деспотовски, директор на Фондот за иновации

Деспотовски на својот Фејсбук профил напиша дека засега се чувствува добро.

594

Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски е позитивен на ковид-19. Тој ова го откри на својот профил на „Фејсбук“.

„Вчера доцна вечерта добив позитивен тест на ковид-19. Се чувствувам добро, а од дома ги вршам сите тековни активности и обврски. Благодарам за грижата на семејството, матичната лекарка, како и огромниот број пријатели кои се нудат за помош во овие моменти. Истовремено, би сакал да нагласам дека според сите протоколи, ФИТР ќе продолжи да функционира непречено бидејќи од самиот почеток во Фондот се работи во различни смени и во огромна мера дигитално, односно без дополнителни физички контакти“, напиша Деспотовски.

Поврзани содржини