Националната опера и балет известува дека Гала оперскиот концерт, настан во рамките на фестивалот „Есенски музички свечености“ 2020 закажан на 4 ноември, ќе започне во 19 часот, наместо во 20 часот согласно новите мерки на Владата.
Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести.
Задолжително е носење на заштитна маска.