Џони Деп го изгуби „случајот на векот“! Донесена неочекувана пресуда

1,668

Американскиот актер Џони Деп (57) го изгуби „случајот на векот“, како што го нарекува „Дејли мејл“, кој ја пренесе пресудата што беше донесена.

Имено, Џони ја тужеше својата поранешна сопруга Амбер Херд (34) и британскиот весник „Сан“ за клевета, а по 16-дневното сослушување во Високиот суд во Лондон, беше пресудено дека холивудската sвезда е „насилник во семејството“.






Амбер сведочеше пред судот дека тој ја удрил 14 пати за време на нивната бурна врска и брак.

Како резултат на пресудата, кариерата на 57-годишната везда „Пиратот од Карибите“ е доведена во прашање, како и казната за овие кривични дела.

За време на 16 дена на судењето, можеше да се види редок увид во немирниот живот на еден од најславните холивудски парови. Деп ги негираше сите обвинувања и тврдеше дека неговата поранешна сопруга била насилна кон него.

И Деп и Херд презентираа докази за она што беше наречено „судење за клевета на векот“ и двајцата се обидоа да докажат дека другиот всушност бил семеен насилник.

Пресудата на Високиот суд во Лондон се смета како победа на Амбер во „првиот круг“, затоа што Деп ја тужеше и за текст што го напишала во „Вашингтон пост“ за семејно насилство, а во износ од 50 милиони долари, и тоа судење е закажано за мај 2021 година во Америка.

Херд потоа го тужеше Деп за неверојатни 100 милиони долари затоа што, како што рекла таа, Деп и неговиот тим започнале глобална кампања за оцрнување на нејзиното име.

 

 

 

Поврзани содржини