Вистина или скапо платена антиреклама? Се изнервирал и си го запалил „мерцедесот“ вреден 170.000 долари! (ВИДЕО)
Популарниот руски блогер Михаил Литвин неодамна го запалил својот скап „мерцедес“, затоа што му здодале постојаните дефекти.
Тој го купил автомобилот во декември минатата година за 170.000 американски долари. За тие пари, Литвин очекувал совршенство, а не да се дружи со мајстори. Згора на тоа, производителнот неволно ја прифаќал вината за дефектите.
И така, после 15.000 километри, на блогерот му се споиле жичките и решил да го запали својот „мерцедес“. Има и теории дека станува збор за скапо платена антиреклама, со цел да му се нанесе штета на производителот.
Погледнете и заклучете самите: