Излезе од затвор напаѓачот на Шекеринска од 27 април

1,149

Панче Ангелов, човекот кој беше осуден на четиригодишна затворска казна за насилство врз актуелната министерка за одбрана Радмила Шеќеринска, излезе од затвор.

Тој беше осуден на четиригодишна казна затвор, но по амнестија од 30 отсто од казната, тој одлежа две години и девет месеци. Пуштен е еден месец порано и од затворот „Идризово“.






На 27 април 2017 година Ангелов упадна во Собранието, а објавените снимки покажаа дека прво му се заканува на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, а потоа ја влече за коса тогашната пратеничка Шекеринска.

Ангелов во текот на рочиштата изрази жалење за делото што го сторил.

Поврзани содржини