Може да се случи и живите мртовци во Македонија да се помрднат

Премногу работи недостасуваат во оваа држава за властите да се толку сигурни во себе и да се однесуваат како да живееме во најдобриот свет што постои.

1,987

Кога зборуваме за италијанско сценарио, треба да знаеме дека во Италија започна автентичен бунт во повеќе градови, избувна едно сериозно незадоволство кое беше потценето и кое сега е засилено од екстремната десница, од мафијата и од навивачите.

Не правам аналогии, зборувам што е крајната последица на заморот и очајот, на себичноста и умисленоста, на најранливите и најсиромашните категории во општеството, кои поради пандемијата стануваат дополнително агресивни.






Македонија инаку е земја на живи мртовци, ние не мрдаме и тешко да ќе мрднеме, но ароганцијата и заспаноста на власта, вечните оправдувања, како и деструктивноста на опозицијата, може да создадат непосакувана комбинација, особено ако состојбите се влошат и се пролонгираат.

Премногу работи недостасуваат во оваа држава за властите да се толку сигурни во себе и да се однесуваат како да живееме во најдобриот свет што постои.

Премногу време се изгуби, премногу основни услуги и реформи недостасуваат, владее преголема хипокризија и едно бахато материјално и аморално офирање кај функционери на власта, во услови кога луѓе едвај преживуваат.

Паметна власт ќе размисли малку за својата позиција и ќе се обиде да промени нешто, не само да се фали себеси.

Во спротивно, посебностите и себичностите кои полека почнуваат да избиваат кај сите, можеби ќе пронајдат свој заеднички именител кој би ги обединил.

 

(ФБ статус на авторот)

Поврзани содржини