Граѓаните и компаниите колку што штедат толку и се задолжуваат
На годишна основа, вкупните депозити забележаа пораст од 6,1% при раст на депозитите кај двата сектора, којшто е поизразен кај секторот „домаќинства.
Во септември е забележар раст на кредитите и депозитите истовремено и кај компаниите и кај домаќинствата, покажуваат податоците на Народна банка.
Вкупните депозити во септември бележат месечен раст од 0,7%. Растот е одраз на зголемувањето на депозитите кај секторот „домаќинства“ со умерен раст и на депозитите на корпоративнито сектор.
На годишна основа, вкупните депозити забележаа пораст од 6,1% при раст на депозитите кај двата сектора, којшто е поизразен кај секторот „домаќинства.
Вкупните кредити бележат месечен и годишен раст од 0,8% и 7,3%, соодветно. Растот произлегува од зголеменото кредитирање кај двата сектора, коешто е поизразено кај секторот „домаќинства“.
Во септември, анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, потрошувачките и станбените кредити, како најзастапени категории, остварија месечен раст од 1,3% и 1,5%, соодветно и годишен раст од 9,9% и 14,0%, соодветно.
Автомобилските кредити, во септември, бележат месечен раст од 1,7%, додека на годишна основа се намалени за 7,9%.
Кредитите одобрени на кредитни картички забележаа месечно зголемување од 0,7%, при годишен пад од 2,6%, додека негативните салда на тековните сметки се зголемени за 2,1%, на месечна основа, при годишен пад од 10,8%.
Кредитите одобрени врз други основи, овој месец, забележаа месечен и годишен пад од 0,5% и 6,7%, соодветно.