Трифун Костовски: Зошто Народна банка при пад на адекватноста на капиталот на Еуростандард од 6,55% на 2% не ги примени вонредните мерки и администрација?

Сопственикот на Еуростандард банка тврди дека Народната банка не ги и скористила сите алатки кои ѝ биле на рсполагање пред да донесе одлука за затворање на банката.

666

Трифун Костовски, сопственик на Еуростандард банка во стечај бара оставка од целото раководство на Народна банка поради, како што вели,  свесно носење на банката во стечај, со што се загрозиле десетици илјади правни и физички лица.

– Ако имате и трошка доблест тоа ќе го сторите веднаш – вели Костовски во соопштението испратено до јавноста во кое реагира на вчерашното соопштение на Народна банка во кое се вели дека Еуростандард банка отишла во стечај, бидејќи не ја исполнила својата законска обврска за докапитализација.






– Со нивната изјава потврдуваат дека сите алатки за стабилизирарање на Еуростандард банка не биле користени – додава Костовски.

Тој во реакцијата ја поставува дилемата дали Народна банка е регулатор или инсектор.

– Би сакал да расчистиме – Народна банка е регулатор, кој треба да ги регулира финансиските текови во државата. Народна банка не е инспектор кој врз основа на инспекција изрекува и казни. Во случајов, Народна банка не прави разлика во поимањето регулатор и инспектор – вели тој.

Костовски тврди дека е невозможно  од 6,55% адекватност на капиталот кон крајот на март 2020 година да падне на 2% адекватност, во рок од 4,5 месеци, во кои 3 месеци и 1 недела имаше вонредна ситуација.

– Веселата математика направена од страна на Народна банка не држи, падот од 6,55 % адекватност на капиталот на само 2% адекватност е чиста математика, со носење на лошите пласмани во уште полоша категоризација – вели Костовски.

Тој прашува  ЗОШТО НБ? кога при тој слободен пад на адекватноста на капиталот, кој за 4,5 месеци од 6,55% падна на 2% не ги примени алатките: Вонредни мерки и Администрација.

– Почитувани дами и господа од Народна банка, барам веднаш оставка од целото раководство поради свесно носење на банката во стечај, со што загрозивте десетици илјади правни и физички лица.
Ако имате и трошка доблест тоа ќе го сторите веднаш- вели тој и додава>

– Подобро да молчите, бидејќи со секој ваш кажан став се деградирате себеси и институцијата Народна банка.

 

Поврзани содржини