Мисовски и Зендели се предлозите за потпретседатели на Собранието

566

Пратениците на НСДП и на Беса Горан Мисовски и Фадил Зендели ќе бидат предлозите за потпретседатењли на Собранието, велат за Плусинфо собраниски извори откако денеска пратениците ја изгласаа одлуката парламентот да има пет потпретседатели.

Но, наместо пет потпретседатели, што во јавноста предизвика бурни реакции и негодувања, Собранието најверојатно ќе има најмногу тројца потпретседатели и тоа сите од власта.






ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ останаа на ставот дека нема да предложат потпретседатели на парламентот.

Иако одлуката за потпретседателите денеска помина во Собрание, неизвесно е кога ќе биде гласањето на потпретседателите бидејќи тројца пратеници се позитивни на ковид-19 и парламентот го нема потребното мнозинство за избор на потпретседателите.

Нејасно е и дали изборот на новите потпретседатели ќе оди преку Комисијата за избори и именувања или пак, пратениците ќе соберат 20 потписи за предлозите да одат на пленарна седница.

Мисовски и во минатиот пратенички состав беше потпретседател на Собранието.

Поврзани содржини