Пратениците нема да одат во изолација, биле почитувани мерките за заштита
Директорот на Центарот за јавно здравје Александар Стојанов изјави дека мерките за заштите во Собранието биле почитувани и нема потреба од изолација на други пратеници..
Ниту еден од пратениците кои биле во контакт со Лазе Таневски и Исмаил Јахоски нема да оди во изолација. Центарот за јавно здравје во Скопје ги заврши анкетите и проценката е дека немало ризик, објави ТВ24.